Начинот на Венгер, до викенд доаѓа дефанзивец, ова се двете единствени опции


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Само две имиња и топчиите се молат шпанците да ја прифатат понудата.

Во трката остнаа две имиња, Шкодран Мустафи и Џони Еванс.

Германскиот репрезентативец и фудбалер на Валенсија, Шкодрдан Мустафи е посакуван од раководството на топчиите. Арсенал неколку пати испрати понуда, но сите беа одбиени од Валенсија. Сепак, се зборува дека за викенд работите би можеле да бидат готови бидејќи и самиот Мустафи сака во ПЛ.

Ако се одбие и последната понуда од 35 милиони евра, ќе следи планот Б кој би бил во стилот на Венгер.

Алтернативата е ирецот, Џони Еванс, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој минатата сезона беше одличен кај Пјулис во ВБА. Се разбира дека ова нема да биде популарен потег помеѓу навивачите кои бараат квалитетен фудбалер, а цената е многу помала од онаа на Мустафи, 20 милиони евра.