Мурињо во свој стил: Не памтам ваква добра игра како во последните два меча


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед извојува победа над Барнли во последното коло во Премиер лигата со два гола на Ромелу Лукаку, но тимот на Мурињо промаши голем број на шанси.

Мурињо беше незадоволен од реализацијата и покрај победата и тврди дека неговиот тим морал да победи со поголема разлика.

„Ова беше многу добра фудбалска претстава, но требаше да победиме со поголема разлика. Не смееше да се случи да имаме отворен резултат до самиот крај. Поголемиот дел од фудбалерите одигра добр, но промашивме доста шанси, а и Џо Харт направи неколку добри одбрани. Не паметам вака добро да сме одиграле како последните два меча“, истакна Мурињо.

Интересно е тоа што вториот меч кој го споменува Мурињо е поразот од Тотенхем, после кој имаше расправии со медиумите.