Милан близу до реализација, тандем од Арсенал доаѓа на Сан Сиро


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Клубот ги завршува обврските на два фронта, состанокот во Лондон завршил успешно…

Изгледа дека работите се завршени, Иван Газидис ќе го засили Милан. директорот на Арсенал се договорил со фондот Елиот, останати се детали околу бонусот, но како што сега стојат работите тој ќе ги напушти ,,Топџиите” и ќе заземе позиција во хиерархијата на ,,Росоњерите”.

Милан работи и на уште еден трансфер, овој пат на терен. Медиумите во Англија пишуваат дека тие преговараат со Арон Ремзи, тој е слободен од јануари да потпише договор за нов клуб и од јуни да се пресели во Серија А.

Па така и Газидис и Рамзи после деценија во северен Лондон би отишле од Арсенал. Рамзи од доаѓањето од Кардиф има одиграно околу 330 наптпревари, нема договор околу новите преговори, а би можел и на зима да се пресели во Италија, па Арсанал макар и нешто да заработи за него, шест месеци пред истекот на договорот