„Погба вреди 90 милиони? Тогаш Рог вреди 190!“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот стопер на Динамо Шинделфелд го погали младиот соиграч Марко Рог.

Рог во дербито во Сплит против Хајдук постигна два гола, а вториот маестрално од слободен.

Модрите славеа со 4:0, а Рог покажа зошто за него се борат европските гиганти и зошто Динамо не сакаат да го пуштат за помалку од 15 милиони евра.

„Ако Погба вреди 90 милиони, тогаш Рог вреди 190. Одигра одлично, навистина беше брилијантен. Откако дојде во Динамо, страшно напредуваше, сега го користи и најмалиот можен простор кој му се укажува“, изјави Шинделфелд.