Германецот ќе биде топџија – Шкодран се договори со Арсенал


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германскиот фудбалер, Шкодран Мустафи е блиску до трансфер во Арсенал.

Според Скај Спорт, 24-годишниот дефанзивец ги договорил сите услови со топчиите и се чека уште договор помеѓу клубовите.

Мустафи како нов фудбалер на лондонскиот клуб би требало да биде претставен во текот на викендот, но нема да биде во комбинација за првиот натпревар против Ливерпул.

Неговиот актуелен клуб, Валенсија бара помеѓу 20 и 30 милиони евра за него, а во кариерата Мустафи има играно уште за Сампдорија и Евертон.