Тоти: Пробав да ги доведам Роналдо и Ибрахимовиќ во Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И покрај големата кариера на Франческо Тоти, Принцот на Рим се пензионираше само со една титула прват на Италија, но до самиот крај остана во Рома и покрај многуте богати понуди кои ги добиваше во текот на неговата кариера.

Тој од друга страна пробувал да ангажира големи имиња да дојдат во Рома. Во разговор за Ла Република откри дека ги посакувал Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимович во Рома.

„Секогаш говорев дека се големи играчи, прави шампиони, потребни за освојување на трофеи. Се надевав дека Роналдо, Ибрахимовиќ и уште некои други великани ќе дојдат во клубот, но нажалост имавме финансиски ограничувања и не можевме премногу да трошиме. Пробав да доведам големи имиња во Рома“, истакна тој.