Мурињо сепак верува и во деца: Фосу Менсах доби нов договор

Жозе Мурињо сепак нема да ги исфрли баш сите играчи кои Луј Ван Гал во претходните две години промовираше во Манчестер Јунајтед.

Така холандскиот интернационалец Тимоти Фосу – Менсах ќе потпише нов договор, четиригодишен договоро со Црвените ѓаволи и тоа на инсистирање на Мурињо.

Влијателниот британски весник Дејли Телеграф наведува дека оваа зделка гигантот од Олд Трафорд ќе ја официјализира во петок, но не се наведуваат финансиски детали.

Фосу – Менсах има 18 години, а може да игра на две позиции, стопер и последен играч за врска.

Момчето е родено во Амстердам а ја помина младинската школа на Ајакс, а во Манчестер Јунајтед дојде во летото 2014 година. За првиот тим на Црвените ѓаволи дебитираше во февруари во оваа година против Арсенал.