„Профилот ми беше хакиран на краток период„


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот за врска од Турција и член на Барселона Арда Туран се најде во големи проблеми после што на интернет постави фотографија на која се гледа дека го „лајкнал“ Реал Мадрид на Твитер.

Арда Туран денеска се огласи токму преку Твитер и порача дека неговиот профил бил хакиран и дека тој не е одговорен за тоа што се случило.

“Пред два дена мојата шифра на Твитер беше хакирана на краток период. Во текот на тој период 1 РТ направи две фотографии со тие лајкови кои настанаа без мое знаење“, порача Арда.

Дали навивачите на Барселона ќе му поверуваат и простат, останува да видиме.