Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Египет пред неколку дена ја совлада репрезентацијата на Свазиленд со 4:1, а овој натпревар го обележа сјајниот гол на Мохамед Салах.
Салах директно од корнерот ја затресе мрежата на противничкиот тим и со тоа ги воодушеви сите. Сепак сетоа тоа падна во сенка на крајот на натпреварот кога Салах мораше да го напушти теренот поради повреда.
Еѓипчанецот вчера се врати во Ливерпул но сеуште никој не знае за каква повреда се работи.
Играчот на Редсите ги збуни навивачите со неговите чести објави на социјалните мрежи после натпреварот бидејќи воопшто не ја спомена повредата. Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека оваа мистерија ќе биде решена денес бидејќи Салах ќе направи детални лекарски прегледи.
Сеуште не се знае дали се работи за сериозна повреда или од игра излезе само поради внимателност.
Ливерпул викендот гостува кај Хадерсфилд, а денес Јурген Клоп ќе дознае дали на овој натпревар може да го планира најдобриот играч од Премиер лигата од минатата сезона.