Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот репрезентативец во текот на викендов и официјално ќе стане член на Арсенал.
Како што ексклузивно пренесува Гоал, Шкодран Мустафи постигна договор со Арсенал и преостануваат само детали кои ќе бидат решени во наредните 48 часови.
Овој 24-годишен репрезентативец на Германија во претходните денови се поврзуваше со премин во Арсенал, после што Арсен Венгер остана без услугите на повредените Мартезакер и Габриел.
Арсенал и Валенсија постигнаа договор, висината на трансферот ќе изнесува околу 30 милиони плус одредени бонуси, а агентот на играчот престојуваше во Лондон во овие денови и ги постигнаа сите услови.
Мустафи ќе биде петто засилување на Арсенал, после Џака, Холдинг, Такума Асано и Келечи Нвакали, а се очекува до крајот август, Венгер да доведе уште напаѓач.