Најдобриот футсал играч на сите времиња реши да стави крај на својата кариера


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер Фалкао синоќа на својот официјален Инстаграм профил порача дека дошло време да стави крај на неговата кариера, а со објавата растажи голем дел од неговите фанови низ целиот свет.

Фалкао е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а со своите потези многупати не остави без зборови. Меѓутоа, на се му доаѓа крај, па така и на блексавата кариера на овој бразилец.

Овој 41 годишен фудбалер објави дека едноставно дошло време да се прости, односно повеќе да се посвети на своето семејство.

,,Поради фудбалот скоро секогаш бев далеку од својот дом и од семејството. Сепак, ова патување вредеше и истото повторно би го направил. Едноставно сфатив дека е време да се простам и да се посветам
на некои други работи во животот. Фудбалот секогаш ќе биде мојата прва љубов, но сега сакам од се да се одморам”- порача Фалкао.

Фалкао се прости на натпреварот меѓу Бразил и Парагвај кога неговиот тим победи со 4:2, а тој постигна два гола и во голем стил стави крај на блескавата кариера. Во дресот на Бразил има одиграно дури 258 натпревари и постигнато 401 гол.