Рома на чекор од доведување на играч од Торино


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Неколку извори во Италија наговестуваат еден од најголемите трансфери во таа земја во текот на овој преоден рок.

Бруно Переш наскоро треба да стигне во Рим каде што ќе ги изврши медицинските прегледи и за Рома ќе потпише договор.

Денеска во текот на денот беше последниот состанок на претставниците на овие две страни, а Торино треба да добие околу 17 милиони евра за овој трансфер.

Се работи за позајмица, а на крајот на сезоната Рома ќе може овој десен бек да го доведе за споменатата сума.

Покрај се, Торино ќе добие и 25 % од наредната продажба, доколку трансфер се оствари.

Во Рома се надеваат дека ќе го регистрираат а мечевите против Порто во рамките на квалификациите за ЛШ.