Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Алегри наскоро ќе добие ново засилување. Јувентус како примарна желба во наредниот преоден рок го означи супердефанзивецот Матис де Лихт.
Тоа нема да биде лесно земајќи ја во обзир конкуренцијата од тимовите како што се Барселона и Манчестер Сити, но торинскиот клуб веќе превзема сериозен чекор.
,,Бјанконерите” го повикаа репрезентативецот на Холандија да го посети Торино, а тој ја прифати понудата.
Италјанците се потпираат на Мино Раиола со кого се во добри односи, а токму тој води грижа за Кариерата на Де Лихт, но проблем може да претставува Ајакс бидејќи бара повеќе од 50 милиони евра за обештетување на својот фудбалер.
Јасно е дека Јуве сака да ја подмлади својата одбрана и на прав начин да спрема наследник на Киелини и Бонучи, а 18 годишниот фудбалер им се чини дека е правиот избор.