Солари го исфрли Иско од тимот, бидејќи бил дебел, а потоа Иско се соблече на Инстаграм


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Иско во последно време се наоѓа во центарот на вниманието бидејќи Сантиаго Солари не смета многу на неговите услуги.

Откако Лопетеги ја напушти клупата на кралски Реал, Иско го изгуби местото во почетниот состав на овој тим, а капката која ја прелеа чашата се случи против Рома кога Иско воопшто не беше во конкуренција за натпреварот.

Во шпанските медиуми на големо се шпекулира дека овој играч веќе во јануари ќе го напушти Реал и дека има неколку добри понуди.

Исто така се појави и приказна според која Солари го предупредил Иско дека мора да го реши проблемот со вишокот на килограми и дури потоа ќе се врати во тимот.

Иско очигледно верува дека го нема тој проблем, а одлучил тоа да го покаже на Инстаграм каде објави „разгоелна“ фотографија и ги праша своите следбеници дали е дебел.