Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити минатото лето го продаде талентираниот голман Ангус Гун на Саутепмтон за дури 13.5 милиони фунти, но граѓаните сеедно останаа „добро снабдени“ со голмани.
На Етихад моментално се наоѓаат Едерсон, Клаудио Браво и Аријанет Муриќ. Навистина, Клаудио Браво е повредено но Едерсон и Муриќ им се доволни на Сити.
Меѓутоа, ова не ги спречи Граѓаните и Гвардиола да договорат трансфер за нов чувар на мрежата.
Како што пренесуваат британските медиуми, Манчестер Сити договорил трансфер на 24 годишниот Американец Зак Стефен, инаку чувар на мрежата на Колумбус Кру.
Наводно овој трансфер ќе биде официјален во јануари, а Сити ќе издвои околу 7.5 милиони фунти. Сепак, веднаш по доаѓањето Стефен би требало да биде испратен на позацијмица.