После Алисон и Едерсон: Неверојатна одбрана на голманот на Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити на својот стадион славеше против Хофенхаим во последното коло од групната фаза од ЛШ.

Натпреварот заврши 2-1 со пресврт, а Сити заврши на првото место од својата група.

Освен одличните погодоци на Лерој Сане, средбата на Етихад ја разулбави и голманот на Сити, Едерсон со една феноменална парада.

На отварањето на натпреварот, Крамариќ се намести на шут, ја упати топката во горниот лев агол, но Бразилецот маестрално го одбрани шутот со врвот на неговите прсти.