Мурињо веројатно денес би сакал да го преспие денот: 17. декември веќе еднаш беше кобен за него


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Црвените Ѓаволи оваа сезона се далеку од вистинската форма и веќе сега примаа повеќе голови отколку во целата измината сезона. На радарот на јавноста најмногу се наоѓа португалскиот стручњак Жозе Мурињо кој веќе неколку седмици експериментира со составот на Јунајтед.

Така вчера во почетниот состав не беа Погба, Марсијал и Мата, што ги налути навивачите на овој клуб. Веќе се бара од навивачите Мурињо да добие отказ бидејќи многу близу е оваа сезона да биде една од најлошите во историјата на клубот.

Мурињо сигурно сака да го преспие денешниот ден, бидејќи 17.  декември е датум кој не го памети по добро.

Имено, пред точно три години на денешен ден Мурињо доби отказ од Челси, а не е далеку од тоа и денес да ја доживее истата судбина.