„Погба е спремен за неколку минути“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба треба утре треба да дебитира за Манчестер Јунајтед.

После што го пропушти 1 коло од Премиер лигата поради суспензија, Погба напорно тренираше, и според зборовите на Црвените Ѓаволи Жозе Мурињо, е спремен да одигра неколку минути во утрешниот меч од 2 коло од Премиер лигата.

“Против Лестер играа некои играчи кои одработија помалку тренинзи и од Пол, а тие натпревари ги искористивме да го забрзаме процесот за нивно влегување во форма. Со Пол е многу слично: не одигра ни минута во подготвителните натпревари, но речиси две недели е воцелосен тренинг, со екипата, што по посебна програма, и спремен да заигра некоја минута“, рече Мурињо.

Да потсетиме дека Јунајтед утре на Олд Трафорд игра против Саутемптон, а мечот почнува од 21 часот.