Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со феноменална партија Србија избори пласман во финалето на ОИ.
Реприза од финалето на СП во кое Крижевски беше подобар од Џорџевиќ.
„Се што планиравме остваривме на паркет. Буквално одигравме перфектно. Финале против САД? Ќе се бориме до последниот атом на силата. Но сега сум мирен. Освоивме медал, но нема да ги пуштиме Американците да стигнат до злато без голема борба. Белото знаме го оставивме во Србија“, рече Џорџевиќ.
Јунакот од сенка, Стефан Марковиќ беше релативно мирен во микс зоната.
“Спремни влеговме во мечот со Австралија. Дозволивме во првата фаза од натпреварувањето да не добијат на агресивност. Сега одговоривме со иста мера. Одбраната беше одлична, одлична, одлично беше и во нападот. Се функционираше како треба. Одиме малку да славиме а потоа следи подготовка за Американците. Фаворити сме, но ќе мораме на паркетот да не убедат дека се подобри“.
Одличен беше и НБА адутот на Србија, Никола Јокиќ.
„Нема страв од Америка. Ние сме екипа која дише како еден. Одиме во финале со желба да стигнеме до златен медал.. Фаворити се, тоа е одамна јасно. Но, ако можевме да им парираме во првата фаза, можеме и во финалето. Ќе се бориме. Ќе дадеме се од себе, па ќе видиме што ќе се случи“.