Агентот на Балотели го откри новото име на клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогаш беше најголемиот италијански талент, а денес доживува тешки моменти во кариерата.

Марио Балотели наскоро ќе биде нов фудбалери на Бешикташ, денес откри неговиот агент Мино Раиола.

Балотели до вчера важеше за најталентиран напаѓач во Европа, а играше во Манчестер Сити кој во тоа време владееше во Англија. Сепак, на Марио му беа поважни работите надвор од теренот, па го изгуби местото во репрезентацијата и во клубот.

Дали трансферот во Истанбул ќе му ги отвори очите на Марио и дали ќе сфати дека надвор од теренот не гради кариера – тешко. Тешко бидејќи Марио имаше десетина шанси да се опамети, но никогаш не помисли на тоа.

Ѕвездата на талентираниот напаѓач се губи бидејќи заминувањето во Турција обично означува крај освен ако не се викате Марио Гомез.

Балотели некогаш имаше причина да каже „му препорачувам на Шакира да дојде да го гледа финалето на ЕП да види што ќе му правам на нејзиниот дечко Пике“. Денес, четири години подоцна истото тоа ЕП може да го гледа пред малите екрани и да навива некој да се обиде да го посрамоти Пике.