Агентот на Гризман: „Одбивме понуди од Англија“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Гризман излезе со интересна изјава во врска со неговиот клиент. Во изјавата вели дека Гризман одбил неколку понуди кој доаѓале од Премиер лигата.

После одличната игра во претходната сезона во дресот на Атлетико Мадрид и одличните настапи на ЕП за Франција, многу гиганти се интересираа за Гризман. ПСЖ, Јунајтед и Арсенал беа најсериозни во трката за Гризман но тој остана во Атлетико

Кон крајот на Јуни, Гризман потпиша нов договор со тимот од Мадрид но шпекулациите не стивнаа, иако јасно е дека Гризман нема намера да си оди од Мадрид.

Фудбалски стручњаци тврдат дека Арсенал и Атлетико се уште во преговори но агентот Ерик Олхатс вели: „Мојот клиент го продолжи договорот бидејќи е среќен во овој клуб и никогаш не беше во втор план на тренерот“

„Имавме понуди од англиски гиганти но од тоа нема ништо, исто бевме во преговори и со богатите луѓе на ПСЖ, но пак ќе повторам, тој е среќен овде, има се што му треба и сака да остане во атлетико“ – додава Олхатс.

Олхатс истотака и рече дека нема потреба од загрижување, Гризман сигурно останува во Атлетико.