Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид вечерва имаше еден од тие натпревари кога баш ништо не оди. И покрај тоа што во дуелот со повратникот во Примера Алавес апсолутно доминираа, Диего Симеоне и фудбалерите на домашниот тим на крајот мораа да се задоволат само со еден бод.
Мечот заврши со резултат 1:1, а двата погодоци се видени во судиското продолжение од натпреварот.
Атлетико беше подобар тим, поговото две стативи, имаше 28 удари на голот и точно 20 корнери, но што тоа вреди кога гостите херојски се одбранија и освоија бод.
Безброј пропуштени шанси на Атлетико. Алавес грчевито а тогаш во втората минута од судиското продолжение досуден е пенал за домаќините.
Торес е соборен, а Гамеиро погоди за 1:0 и сите на стадионот помислија дека е готово. Сепак, храброто срце на Алавес уште еднаш дојде до израз. Наместо несреќниот примен гол да ги шокира, тие одлучија да бидат тие кои ќе шокираат.
Во петтата минута од судиското продолжение, Гарсија фантастично погоди за лудница меѓу малиот број на навивачи на Алавес на Висенте Калдерон, додека остатокот на стадионот остана во шок.
Да потсетиме, за Депортиво Алавес ова беше прв натпревар во Примера после десет години, а сосема сигурно ова во клубот, долго ќе го паметат.