Алегри за превземањето на Манчестер Јунајтед: Учам англиски…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот стратег на Милан и Јувентус Максимилијано Алегри овие денови се поврзува со превземање на Манчестер Јунајтед.

Алегри, кој е без работа од крајот на изминатата сезона, остана таинствен кога за странските медиуми го даде својот коментар како одговор на шпекулациите. После тоа, на никој ништо не му е јасно што конкретно сакаше да каже тој…

„Не зборувам доволно англиски, но почнав да го учам…“, изјави Алегри кога новинарите го запрашаа во врска со превземањето на Јунајтед.

Инаку, Јунајтед моментално е дури на 12. позиција во Премиер Лигата и повеќе од сигурно е дека Норвежанецот, Оле Гунар Солскер наскоро ќе добие отказ, а Алегри е потенцијален кандидат за негова замена.

Странските медиуми пренесуваат дека Алегри со себе би ги понел и двајца играчи од Јувентус и тоа Марио Манџукиќ и Емре Чан.