Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Возачот на Сузуки, Алеиш Еспаргаро во следните две сезони ќе вози за Априлија.
Откако јапонскиот тим потврди дека ги доведе Андреа Јаноне и Алекс Ринс за следната сезона, се шпекулираше дека Еспаргаро ќе се пресели во Априлија.
Доаѓањето на Еспаргаро во Априлија е во склоп на планот на развојот на италијанскиот тим. Целта е Априлија во следниот период да биде уште поконкурентна.
Еспарагаро ќе му се придружи на Сем Ловс кој уште од минатата година потпиша договор со Априлија. Тоа значи дека Штефан Брадл и Алваро Баутиста ќе останат без место и ќе мора да си бараат нов клуб.
26-годишниот Еспаргаро беше шампион во МОТО 3 во 2004-та година, а во кралската класа се пресели во 2009-та година. Најмногу покажа во 2012-та година кога беше најдобар возач на Аспар чии мотори ги правеше Априлија.