Алегри: Јас сум крив, требаше да го извадам Пјаниќ од игра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Алегри после вчерашната победа над Наполи на гости изјави дека требало да го извади од игра откако го доби жолтиот картон.

„Јас малку заспав, бидејќи требаше да го извадам Пјаниќ од игра веднаш откако го доби жолтиот картон. Беше изложен на ризик, но не очекував дека ќе игра со рака“, изјави Алегри.

За натпреварот тренерот на Јуве го изјави следното:

„Немавме добра органзиација. Наполи беше многу храбар, а публиката ги носеше напред. Имавме прилики да постигнеме уште некој гол, но во финишот добро се браневме. Исто така, имавме среќа што Инсиње го промаши пеналот“, изјави Алегри.

Инаку, Старата дама ги очекува средба против Атлетико Мадрид во рамките од 1/8 финалето од Лигата на шампионите.