На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Се очекуваше дека Манчестер Јунајтед ќе игра многу подобро кога на клупата на овој тим ќе седне Рубен Аморим, но тоа не се случи.
Аморим е свесен дека следното лето ќе мора да изврши голема реконструкција во тимот, и како стојат работите, тој веќе ја започнал и не сака да чека да трансфер периодот официјално започне.
Според тврдењата на Фабрисио Романо, Манчестер јунајтед жестоко тргнал по Геовани Квенда, кој ќе биде првото засилување на Рубен Аморим следното лето.
Станува збор за фудбалер на Спортинг кого го посакува Манчестер јујнајтед чиј трансфер личниот тренер на тимот, Рубен Аморим, го одобрил.
Тие двајцата веќе соработувале, и Квенда ќе биде големо засилување за Рубен Аморим и Manchester United, а е откриена и цената што англискиот клуб ќе мора да ја плати за него.
Откога дојде на клупата на Manchester United, Аморим се мачи да постигне некој добар резултат и да ја преокрене сезоната, а сега ги чека тешко гостување на Гудисон против Евертон.
Ако го загубат и овој натпревар, тоа би бил деветти пораз под новиот тренер, а неговите методи на работа наводно веќе се под прашалник кај некои фудбалери на Манчестер јунајтед.
Најголемиот проблем за Manchester United е таа константност која ја немаат. Некогаш се блескави, а некогаш на нивото на средношколци кои не знаат ништо за тактика.
Новиот систем што го воведе Аморим кога дојде во Манчестер јунајтед е 3-4-2-1, но тој не се покажа како добар, барем не уште, но Аморим не сака да се откаже од него.
Неколку играчи на Манчестер јнајтед наводно веќе „подигнаа глас“ кога станува збор за оваа тактика, како и за начинот на работа на човекот кој неодамна од Спортинг пристигнал во тимот од Олд Трафорд.
“Квенда е главната цел на Аморим, тој е на листата веќе со недели, можеби и месеци. Договорот сѐ уште не е постигнат, но неговото доведување е одобрено од страна на Аморим”, изјави Романо.
Наводно е познато и колку ќе мора Манчестер јунајтед да плати за него, а се работи за цифра од 50 милиони евра.
Тоа значи дека Манчестер јунајтед има среќа, бидејќи откупната клаузула во договорот со овој играч е 100 милиони евра, но очигледно ќе го добијат за половина цена.