Андре Гомес ќе го пропушти остатокот од сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андре Гомес вчера на натпреварот помеѓу Евертон и Тотенхем доживеа страшна скршеница на ногата.

Португалскиот фудбалер беше во дуел со Сон кој го фаулираше од позади грб, но до скршеницата дојде кога се судри со Ауриеро. Сите на теренот веднаш сфатија за што се работи и пробаа колку-толку да го смират Гомес.

Играчот на Евертон, во солзи и на носилка го напушти Годисон и беше префрлен во најблиската болница. Докторите за денес ја закажаа операцијаа, но уште сега е јасно дека пред португалскиот везен претстои долга пауза.

„Евертон потврди дека Гомез денес оди на операција поради повреда на ногата. Во болницата синоќа ги направија потребните анализи и испитувања и соопштија дека тој има фрактура на зглобот.“, соопштено беше од тимот од Гудисон Парк

Англиските медиуми пишуваат дека првите информации не се ниту малку оптимистички за Евертон и дека Гомес со сигурност ќе го пропушти остатокот од сезоната. Поединци на Островот објавија дека неговото закрепнување може да се одолговлечи дури и до една година.