Игор Ангеловски го доживеа првиот пораз како селектор на Таџикистан. Во пријателски меч одигран во Баку на 23ти септември, Таџикистан загуби 0-1 од Азербејџан, јави Sport1.
Единствениот гол падна во 58та минута. По слободен удар на Торал Бајрамов, голманот на Таџикистан Олег Баклов лошо реагираше и ја затресе сопствената мрежа - автогол кој ја реши средбата.
За Ангеловски ова беше трет натпревар на клупата на Таџикистан. Во јуни имаше победа 3-1 и реми 1-1 против Индија, па поразот во Баку е прв негативен резултат под негова команда.
По мечот, според DailyBaku, Ангеловски им честиташе на домаќините и оцени дека Азербејџан не заслужува да игра во Лига Д од Лигата на нации, туку треба да се бори за повисок ранг.
Таџикистан во овој ФИФА-прозорец има уште два пријателски меча - против Палестина на 28ми септември и против Кина на 6ти октомври, и двата на гостување.
















