Антоан Гризман има нов имиџ (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона продолжува со групни тренинзи пред продолжението на Ла Лига закажано за 11. јуни.

Неколку промени беа забележани на вчерашниот тренинг. Стручниот штаб носеше маски со клупски бои, додека Антоан Гризман го промовираше својот нов имиџ.

Имено, Гризман ја искористил својата долга коса за да направи плетенка, што фотографите не ја пропуштиле. Тој го стори тоа за прв пат од пристигнувањето во Барселона.

Првата сезона, барем по одиграниот дел, француската sвезда на Ноу Камп можат да се оцени како солидна. Играше редовно, собра 37 настапи и постигна 14 гола на сите натпреварувања.

Патем, фудбалерите на Барселона тренираат наутро за да избегнат високи температури, и се поделени во две групи по по 14 играчи.