Антони нема намера да се врати во Манчестер


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Антони го напушти Манчестер Јунајтед и блесна во дресот на Бетис.

Бразилецот при крајот на зимскиот преоден рок ја прифати понудата на Бетис да игра на позајмица на „Бенито Виљамарин“ до крајот на сезоната, што се покажа како дефинитивно добра одлука.

На седум натпревари, Антони постигна три гола и асистираше за уште два, така што си го врати самодовербата и формата што никако не можеше да ја достигне во Манчестер.

Како што стојат работите, Бразилецот сака да го продолжи својот престој во Бетис за уште најмалку една година, односно да ја продолжи позајмицата до летото 2026 за да се наметне за репрезентацијата и настап на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.