Арда Туран повторно на удар на навивачите, сакаат да ја напушти Барса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот репрезентативец Арда Туран во минатото лето стигна во Барселона, но сеуште не успеа да ги оправда вложените пари.

Туран во минатата сезона беше под своето ниво, а многумина очекуваат да ја напушти Барселона.

Иако има неколку понуди Туран се одлучи да остане на Ноу Камп. Сепак, во последно време Турчинот се наоѓа на голем удар на каталонските навивачи.

Тој прво ги игнорираше навивачите кои бараа негов автограм после тренинг, а сега отиде чекор понатака.

Имено, Туран преку својот Твитер профил лајкна објава на Реал Мадрид што го разбуди бесот кај навивачите на Барса.

Тој сега бара Туран да ја напушти Барселона, бидејќи според нивно мислење со овој потег го издаде клубот.