Арсенал постави невозможна мисија пред фудбалерите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Саутемптон и Вест Хем во моментов се единствените два клуба што потврдуваат дека фудбалерите се согласиле да прифатат намалување на платите заради целокупната состојба со пандемијата на коронавирус.

Интересен предлог сега доаѓа од Арсенал. Имено, во овој клуб тие донесоа одлука дека нема да има намалување, туку само под еден услов.

Тие се надеваат дека првенството ќе продолжи и дека клубот ќе ја освои пласман во Лигата на шампионите, што би донело силна финансиска инјекција.

Доколку тоа се случи, играчите нема да добијат намалување за платите.

Големото прашање сега е дали првенството ќе продолжи, па шансите се дека сепак ќе има намалување на платите.

Арсенал се наоѓа на деветтото место во Премиерлигата со 40 поени.

Четвртопласираниот Челси е со осум бода од него.