Арсенал се врати во живот: Топџиите ги „растурија“ Вест Хем во вторите 45 минути

После седум натпревари без победа, Арсенал конечно славеше

Арсенал во последниот натпревар во 16. коло од Премиер Лигата го совлада Вест Хем со 3:1.

Топџиите беа во многу лоша форма пред овој натпревар, а самиот почеток не покажуваше дека нешто ќе се смени во врска со тоа.

Домашните играа подобро во првата половина од натпреварот и во 27. минута испратија сериозна закана коа Форналс шутираше, но Лено имаше одлична асистенција.

Сепак, Арсенал после тоа доби нови проблеми после повредата на Тиернеи поради која мораше да го напушти теренот, а негова замена беше Сеад Колашинац.

Вест Хем сепак беше подобар и во 38. минута стигна до водство кога Огбона погоди за 1:0, а тоа беше крајниот резултат за првото полувреме.

Во продолжението од натпреварот Арсенал стигна до одличен пресврт и за девет минути тимот на Арсенал постигна три погодоци.

Арсенал до крајот успеа да го сочува своето водство и конечно да оствари победа, сега има 22 бода и се наоѓа на 9. место. Вест Хем е на 16. место со 16 освоени бода.