Атлетико го потврди големиот трансфер од Реал


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Маркос Лоренте од денес и официјално е новиот играч на Атлетико.

Атлетико и Реал постигнаа договор за трансфер на овој играч од средниот ред вчера, а кралевите ќе добијат 40 милиони евра за него.

Лоренте својата кариера ја започна во младинските категории на Реал. Сепак, тој не доби премногу шанси да игра во првиот тим, тој се најде на трансфер листата на Зинедин Зидан и во овој преоден период ги засили силите на градскиот ривал.

Тој потпиша петгодишен договор со Мадридскиот тим, доаѓа како замена за Родригез, кој го напушти Атлетико по само една сезона.

Лоренте беше дел од екипата на Реал, кој во претходните години освои бројни трофеи во Европа, но имаше само 39 натпревари и постигна два гола.