Атлетико киксна и против вториот новајлија во Примера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После што Јорганџиите во првото коло на Висенте Калдерон ремизираа со Алавес (1:1), тимто на Диего Симеоне не успеа да го победи ниту вториот новајлија во лигата – Леганес.

Мечот со новиот шпански прволигаш донесе ново реми, а овој беше 0:0, Атлетико беше подобар ривал, но не успеа да го скрши отпорот на цврстиот домаќин кој сезоната ја почна на најдобар начин.

Леганес во првото коло како гостин ја совлада Селта, а вечерва скина бода против актуелниот вицешампион на Европа, што е јасен показател дека овој клуб не залута во најелитното друштво.