Атлетико купува од Германија?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Баер Леверкузен Хахан Чалханоглу може во ова лето да ја промени средината.

За неговите услуги се интересираат бројни тимови. После одличните партии во минатата сезона за него се интересираше Јувентус со кого неодамна се поврзуваше.

Сепак, се чини дека моменталпно реална опција за негов трансфер е во екипата на Атлетико Мадрид која неодамна наводно почнала сериозни преговори со Леверкузен.

Чалханоглу е играч за врска кој многу добро ќе се вклопи во играта на Атлетико, но треба прво да да се види колку пари Атлертико ќе бара за овој исклучително добар фудбалер кој е познат по одличните слободни удари.