Атлетико Мадрид донесе многу важна одлука за зимскиот преоден рок


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најверојатно нема да дојде до промени во тимот на Диего Симеоне.

Атлетико Мадрид во летниот преоден рок доведе неколку засилувања.

Секако, најзвучното име беше Жоао Феликс кој беше платен 126 милиони евра, а покрај него, мадрискиот клуб за Маркос Лоренте, Марио Хермосо, Киеран Трипеира, Фелипе и Ренан Лоди искешира 117 милиони евра.

Тимот кој го води Диего Симеоне моментално добро се држи на табелата и се наоѓа на 3. место со само еден бод помалку од водечкиот тим Барселона.

Сепак, Атлетико кој доста се измачува со постигнување на погодоци оваа сезона и во 13 кола во Ла Лига успеа да постигне само 8 погодоци.

И покрај тоа, овој клуб донесе одлука дека нема да доведе никакви засилувања во нападот, ниту пак на другите позиции, пренесува медиумот Marca.

Се наведува дека Атлетико 100 посто од својот буџет го издвојува за плата на фудбалерите и сметаат дека сите 22 играчи кои ја започнаа сезоната, треба и да ја завршат.

Клубот од Мадрид прво треба да продаде неколку играчи доколку сака да доведе некои нови, но се наведува дека нема намера ниту да продаде играчи, па очигледно е дека нема да видиме нови.