Азар: Диего Коста е најглуп во екипата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот интернационалец Еден Азар во последно време е доста активен во медиумите.

Вчера изјави дека Челси има прејак тим и атакува на титула, но денеска не беше толку сериозен. Доаѓаа некои прашања на шега од новинарите, а тој не одговараше многу сериозно на истите.

Новинар од англиски медиум како од шала го праша Азар кој е најглуп во тимот на Челси, а тој рече дека тоа е Диего Коста, а најпаметен во екипата се нарече себеси, но тоа кога во прашање е играта на теренот, а надвор од теренот е меѓу глупаците.

Не е познато како оваа шега ја прими Коста, но Белгиецот нема добро да помине.