„Азар е подобар од Меси, тоа ќе го покаже во следната сезона“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После ужасната сезона во која не успееја ни да влезат во трката за одбрана на титулата во англиската Премиер лига, а беа први фаворити за нејзиното освојување, фудбалерите на Челси пополека се спремаат за годината во која напросто мораат да бидат многу подобри.

Најава  за сезоната даде одличниот шпански офанзивец Педро кој во минатата сезона не се покажа. Вистина, се удави во сивилито на комплетната екипа, а на моменти потсети на одличните партии кои ги пружа Барселона.

Сепак, Педро Родригез истакна дека Челси ќе биде многу подобро во следната сезона, а својот тимски колега Еден Азар го промовираше во новиот Лионел Меси.

„Знам за неговото споредување и верувајте дека тој има големи шанси да биде подобар од Лионел Меси. Но ако тоа го сака, ова ќе биде најважна сезона во неговата кариера. Мора да исправи се од минатата сезона, а за Азар ова е идеална шанса за во тешката ситуација да покаже дека е вистински лидер“, рече Педро кој долго време играше заедно со Меси.