Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Белгискиот фудбалер Еден Хазард е свесен дека неговата прва сезона во Мадрид Реал не помина како што се очекуваше.
Хазард дојде од Челси минатото лето за 100 милиони евра во најголемиот клуб во светот, но тој не се прослави.
Играше само 15 натпревари и постигна еден единствен гол со пет асистенции. Во интервју за странски медиуми, тој вели дека е свесен за сè и се надева дека следната сезона ќе биде далеку подобра.
“Мојата прва сезона во Мадрид не беше добра, но не беше толку лоша. Ми требаше некое време да се навикнам на тоа. Знам дека ќе се суди врз основа на следната. Треба да бидам во добра форма следната сезона”, вели Белгиецот.
Тој ја коментираше и моменталната состојба околу коронавирусот, кој меѓу другото ја запре и шпанската Ла Лига.
“Ние сме во куќата. Никој не доаѓа кај нас, никој не гледаме. Признавам дека сум исплашен, како и сите. Мора да бидеме внимателни”, додава тој.
Хазард инаку беше повреден и не се очекуваше да биде на теренот до крајот на сезоната. Сепак, со оглед на тековните околности и фактот дека лигата би можела да се игра до крајот на јуни, се претпоставува дека тој ќе игра и кога и ако сè продолжи.