Баерн за смешни пари донесе замена за Матс Хумелс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн го продаде Матс Хумелс на Борусија Дортмунд , но веќе најде негова замена.

Баварците ќе заработат 38 милиони евра со трансферот на 30-годишниот Хумелс, а германските медиуми велат дека управата на клубот оваа недела ќе се сретне со агентот на Озан Кабак.

Младиот 19-годишен Турчин пристигна во Галатасарај од Штутгарт во јануари оваа година за 11 милиони евра, одигра 17 натпревари за овој клуб и постигна 3 гола.

За Кабак, освен Баерн исто така интерес покажаа и Шалке 04, Манчестер Јунајтед, Порто, Тотенхем, Вест Хем, Монако и Милан, а Росоњерите, според претходните извештаи од италијанските медиуми, започнале преговори, но Баерн сега одлучи да започне офанзива.

Играчот на Штутгарт има откупна клауза од само 15 милиони евра, што не е проблем за Баварците, а бидејќи Нико Ковач претходно го отпиша и Џером Боатенг јасно е дека Баерн мора ова лето да донесе еден стопер.