Балотели доби уште една интересна понуда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Балотели доби уште една интересна понуда за продолжување на кариерата.

Се поизвесно е дека 26-годишниот напаѓач нема да остане во Ливерпул, но проблем при наоѓање нов клуб нема да има.

Сампдорија го контактираше неговиот менаџер, Мино Раиола, а истото тоа го направи и прволигашот Кротоне.

„Морам да признам дека го повикав Раиола за Балотели. Кротоне е идеално место за млади фудбалери кои сакаат да напредуваат. Мислам дека кај нас повторно може да го покаже талентот кој го има“, изјави претседателот на Кротоне, Рафаеле Врена.

Кротоне за прв пат во историјата ќе игра во Серија А.