Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Реал Сарагоса испрати скоро неверојатно барање до Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Тие бараат да не се играат плеј-офот за пласман во Ла Лига затоа што нивниот најдобар стрелец Луис Суарез го напушти клубот и сметаат дека тимот е сериозно ослабен во однос на другите учесници.
Суарез минатата сезона постигна 19 голови. Сарагоса го освои третото место во Ла Лига 2, но остана без овој колумбиски напаѓач кој мораше да се врати во Ватфорд, од каде беше на позајмица.
Поради фактот што останаа без најдобар стрелец, челниците на Сарагоса решија да направат јавно барање да не се игра плеј-офот, затоа што тие се оштетената страна.
Исто така, тие побараа да бидат тие што ќе одат во повисок ранг со оглед на тоа што беа трети на крајот на сезоната или првенството да се прошири на 23 екипи од следната сезона или сите екипи во плеј-офот да влезат во Ла Лига.
Официјалното барање беше испратено до Фудбалскиот сојуз на Шпанија, но навистина е тешко да се верува дека ќе биде одговорено позитивно.