Барса ја „избриша“ сликата на Алкасер, промоцијата е одложена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договор е постигнат, но промоцијата се очекува дури во вторник.

Пако Алкасер ќе биде нов напаѓач на Барселона, Валенсија ја прифати понудата од 30 милиони евра, но се чека уште финализија на договорот околу преминот на Мунир Ел Хадади во спротивна насока.

На официјалниот сајт на Барса се појави фотографија на Пако Алкасер, но брзо е отстранета, меѓутоа, „дежурните виновници“ на друштвените мрежи објавија доказ дека напаѓачот стигна на Ноу Камп.

Промоцијата е одложена до утре поради тоа што, Валенсија сака гаранција дека ќе добие адекватна замена во нападот, односно дека Мунир ќе го предводи нападот во наредната сезона.

Преостанува уште Мунир да ги договори условите со Слепите Лилјаци кои мораат да внимаваат поради проблем со финансискиот фер плеј.

Во секој случај, Пако Алкасер во вторник ќе биде претставен како ново засилување на Барселона, а Мунир ќе го финализира трансферот во Валенсија, со што Барселона ќе го затвори успешно преодниот рок.