Барса плаќа 30 милиони за фудбалер кој ќе седи на клупа

Напаѓачот Пако Алкасер во следните денови би можел да биде нов фудбалер на Барселона.

Според Мундо Депортиво, актуелниот шпански шампион го договорил трансферот на шпанскиот напаѓач од Валенсија и тој кариерата ќе ја продолжи на Камп Ноу.

Трансферот би требало да се заврши оваа недела, а лилјаците за овој трансфер ќе заработат 30 милиони евра.

Овој 22-годишен напаѓач ќе ја има улогата резервен напаѓач кај каталонците, но тоа очигледно не му смета.

Алкасер има играно и за Гетафе каде беше на позајмица во сезоната 2012/2013.