Барса потврди: Браво оди во Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Барселона Клаудио Браво наскоро ќе го напушти Ноу Камп и ќе се пресели во Манчестер Сити.

Техничкиот секретар на Каталонците Роберто Фернандез потврди дека постигна договор со англискиот клуб, кој од клупата ги предводи некогашниот тренер на Барселона Пеп Гвардиола.

„Имаме начелен договор со Манчестер Сити за продажба на Браво. Очекуваме во текот на неделата да потпише договор и да ја напушти Барселона“, рече Фернандез.

Триесет и три годишниот Чилеанец вчера беше на галот на Каталонците во победата против Бетис во 1 коло од Примера, а очигледно дека ова беше и простување од шампионот на Шпанија.

Порано е објавено дека Барселона сака да го ангажира Јаспер Силесен од Ајакс, а со доаѓањето на Браво е извесно дека Џо Харт ќе го напушти Итихад.