Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Завршен е и претпоследниот денешен меч во шпанска Примера, а гледачите имаа шанса да видат вистинско дерби меѓу Атлетик Билбао и Барселона.
За воља на вистината, не добивме фантастичен фудбал каков што очекувавме, па на крајот е виден само еден погодок, тој кој го постигна Иван Ракитиќ во 21 минута од дуелот.
Асистент беше фантастичниот турски репрезентативец Арда Туран кој на стартот на новата сезона игра брилијатно, и веќе има запишано три погодоци и две асистенции.
Тоа беше единствениот погодок на мечот, погодок кој на Барселона овозможи да однесат нови три бода од Баскија.
Така Барселона остана на сите освоени бодови, со Реал Мадрид, Лас Палмас, и Севиља доколку го совлада Виљареал на гостувањето.