Барселона дополнително ослабена во Севиља: После Тер Штеген уште една ѕвезда надвор од тимот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Левиот бек на Барселона Жорди Алба најверојатно ќе го пропушти првиот меч од Суперкупот на Шпанија против Севиља поради лесна повреда.

Алба не одигра ниту една минута во подготвителните натпревари, поради тоа што поради ЕП подоцна се приклучи на подготовките, а не можеше да игра против Сампдорија, во единствениот можен дуел кога беше на располагање.

Одличниот лев бек имаше полесни проблеми со мускулите, а Луис Енрике не сака да ризикува од тешка повреда.

Сепак, се очекува дека треба да биде спремен за реваншот на Ноу Камп.

Медиумите предвидуваат дека не неговото место во тимот ќе го завземи Лукас Диње, додека во одбраната треба да играат уште Пике, Маскерано и Видал.

Првиот меч Севиља – Барселона се игра утре од 22 часот, а реваншот е среда во Каталонија од 23:0 часот.

Да потсетиме, утрешниот дуекл ќе го пропушти и голманот Марк Андре тер Штеген поради повреда.