Барселона го купи играчот кој сите го видоа во Баерн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според медиумите во Холандија, Серхино Дест ќе го напушти Ајакс ова лето, но нема да замине во Баерн, како што се очекуваше.

Десниот бек, ќе ја засили Барселона, што може да значи и крај на Нелсон Семедо во Каталонија (тој се поврзува со Интер како размена во трансферот на Лаутаро Мартинез), додека Дест би бил конкуренција на Серхи Роберто.

Баерн во јануари достави понуда за Дест од 20 милиони евра, а според германските медиуми, тој се договорил за трансфер на репрезентативецот на Америка.

Дест го освои холандскиот Суперкуп со Ајакс, а 19-годишниот играч претходно освои титули во јуниорските категории.

Од есента, тој е член на првиот тим за кој одигра 20 натпревари и забележа пет асистенции во незавршената сезона.