Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Суарез го оперираше коленото и нема да може да игра до крајот на сезоната, а Барселона на новиот тренер ќе му овозможи да донесе уште еден играч.
Иако Каталонците сега имаат потреба од класичен напаѓач, не е исклучено во клубот да пристигне некој крилен играч, а Сетиен бира меѓу три имиња.
Како што објавува Мундо Депортиво, новиот тренер на Барселона мора да одлучи помеѓу Дани Олмо, Педро и Кшиштоф Пјонтек.
Олмо веќе одлучи дека го напушта Динамо, преговара со Милан но се чини дека е најблиску до дресот на каталонскиот клуб.
Педро има договор со Челзи, но би сакал да се врати во Барселона и така се става на располагање на Сетиен, додека Пјонтек исто така е на излезни врати од Милан, по трансферот на Златан Ибрахимовиќ.
Постои можност Пјонтек да дојде на позајмица во Барселона до крајот на сезоната, но последен збор има Сетиен, кој дебитираше со победа против Гранада 1:0.